НАМЕСТО СВЕЧЕН ПРЕЧЕК – ШОК Австралиските олимпијци ставени во долг карантин по пристигнувањето во земјата

Оваа одлука беше големо разочарување за нив, бидејќи тие и донесоа на својата земја вкупно 46 медали, а Австралија е шеста по освоените медали на Летните Олимписки Игри.

1,270

Наместо свечен пречек, олимпијците од Австралија ги дочека непријатна информација, тие ќе мора да бидат ставени во карантин.

Австралиските олимпијци не се воодушевени при нивното враќање во земјата од Токио, бидејќи според Би-Би-Си, тие ќе бидат ставени во карантин 28 дена.






Оваа строга мерка првенствено се однесува на олимпијците од државата Јужна Австралија, која неодамна воведе рестриктивни мерки поради ширењето на вирусот ковид-19.

Бидејќи голем број олимпијци доаѓаат од Јужна Австралија, ќе мора да бидат ставени во карантин по слетувањето во Австралија, по што ќе имаат уште две недели во изолација кога ќе се вратат во јужниот дел на земјата.

Оваа одлука беше големо разочарување за нив, бидејќи тие и донесоа на својата земја вкупно 46 медали, а Австралија е шеста по освоените медали на Летните Олимписки Игри.

Спортистите од оваа земја се закитија со 17 златни, седум сребрени и 22 бронзени медали, нема да имаат прием или церемонија за шампионите, како што тоа го доживеаа многу други при враќањето во нивните земји од Токио.

Поврзани содржини