📷 НАМЕСТО НА „ГРАДСКИ“, ЗАМИНАА ВО ТИРАНА Додека игра Македонија, македонски министри и политичари ја бодрат Албанија

На стадионот во Тирана се и Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами и Висар Ганиу.

2,732

Додека репрезентацијата на Македонија вечерва ги одмерува силите со Англија на арената „Тодор Проески“ во Скопје, дел од министрите во македонската Влада се наоѓаат во Тирана каде што ѝ даваат поддршка на Албанија во дуелот против Фарските острови.

Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, придружуван од министерот за правда, Кренар Лога и министерот за економија, Крешник Бектеши, преку заедничка фотографија од стадионот „Ер Албанија“ соопштија дека се во Тирана за да го прослават пласманот на албанската репрезентација на Европското првенство.






И други политичари од Македонија се во Тирана на натпреварот на албанската фудбалска репрезентација.

На стадионот во Тирана се и Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами и Висар Ганиу.

Ваквиот потег на министри во било која друга држава би бил оценет како скандалозен и би бил осуден во јавноста. Особено што во составот на Македонија играат солиден број фудбалери од албанска националност како Мислиу, Барди, Алими и Алиоски.

Поврзани содржини