Наместо на Баерн Минхен, Нејмар му честитал на Баер Леверкузен – добил и одговор!

„Поразот е дел од спортот, се обидовме, се боревме до крајот. Им благодарам на сите за поддршката и честитки до Баер“, напиша Нејмар на Твитер.

822

Еден од најдобрите бразилски фудбалери на денешницата, Нејмар, не успеа со ПСЖ да ја освои титулата во Лигата на шампионите поминималниот пораз во финалето од Баерн Минхен.

Од него се очекуваше многу во завршниот натпревар оваа сезона, но сепак, на крајот солзи се тркалаа по неговото лице.






Најтешко му беше кога помина покрај трофејот, а откако се смири, го зеде мобилниот телефон во раце со цел да му честита на противникот.

Знаеме дека имињата на германските клубови Баерн и Баер се многу слични, а токму поради таа една буква што ја прави разликата, се посрамоти Нејмар.

Па, наместо на Баерн, му честиташе на Баер по што веднаш дојде и одговор од Леверкузен.

„Поразот е дел од спортот, се обидовме, се боревме до крајот. Им благодарам на сите за поддршката и честитки до Баер“, напиша Нејмар на Твитер.

Од Леверкузен, пак, експресно му одговорија на честитката.

„Ти благодариме Нејмар. Не разбираме зошто нам ни честиташ додека сме на одмор и играме ФИФА, но благодариме во секој случај“, реагираа „фармацевтите“.

Поврзани содржини