НАМЕСТО КОМЕМОРАЦИЈА, НАСТАН ВО ДРАМСКИ Семејството на Ристо Стефановски нема да присуствува, поради непочитувањето на неговиот лик и дело

Сепак, би сакале и да ве информираме дека Комеморација за Ристо Стефановски ќе има, наскоро, и дека на неа ќе биде јасно зошто токму тој заслужува такво нешто…бидејќи, да бидеме реални, ќе имаше ли историја на „Македонскиот Театар” без него и дали толку прецизно ќе беше документирана?, вели семејството.

296

Семејството на Ристо Стефановски одбива да присуствува на утрешниот настан организиран од Драмски театар, нарекувајќи го недостоен не само за неговото, туку и за ликот и делото на другите глумци кои починаа во изминатите месеци.

„Драги пријатели и почитувачи на делото на Ристо Стефановски:






Во името на најблиската фамилија на нашиот татко и дедо Ристо, сакаме да кажеме дека нема да присуствуваме на утрешниот настан што го организира Драмски театар.

Главната причина е поради тоа што сметаме дека комеморација за Ристо Стефановски не само што треба, туку МОРА да има, а друга причина е што веруваме дека собирањето што го предложува Драмски, театарот којшто тој го формираше и со него ги доживеа ѕвездените мигови, не доликува, и е омаловажување, на ликот и делото не само на нашиот Ристо, туку и на глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци. Лесна им земја на сите – легенди.

Сепак, би сакале и да ве информираме дека Комеморација за Ристо Стефановски ќе има, наскоро, и дека на неа ќе биде јасно зошто токму тој заслужува такво нешто…бидејќи, да бидеме реални, ќе имаше ли историја на „Македонскиот Театар” без него и дали толку прецизно ќе беше документирана?

За комеморацијата благовремено ќе ве известиме“, се вели во соопштението од фамилијата на Ристо Стефановски.

Поврзани содржини