НАМЕСТО КАКО АКТЕРСКИ ПЕДАГОГ И ГУРУ, ЌЕ СЕ ПАМТИ КАКО АРОГАНТЕН СЕКСУАЛЕН НАСИЛНИК Почина српскиот режисер Мирослав Мика Алексиќ

Судскиот процес против него, за сексуално слоставување на ученички во неговата актерска школа, беше во тек во моментот на неговата смрт, а пресуда не беше донесена. „По него ништо нема да се нарече„ – му порачаа колеги.

2

Српскиот режисер Мирослав Мика Алексиќ почина вчера, 18 јануари, во Белград, на 73-годишна возраст. Против Алексиќ во изминатите години се водеше кривична постапка поради сомнение за силување и сексуално злоставување на неколку ученички во неговата школа за глума, случај кој предизвика силни реакции во јавноста и отвори поширока дебата за злоупотребите во културниот и образовниот сектор. Судскиот процес беше во тек во моментот на неговата смрт, а пресуда не беше донесена.

Во последниот период, судењата беа повеќепати одложувани поради неговата тешка здравствена состојба. Неговиот бранител информираше дека здравјето значително му се влошило, дека немал сила да зборува и дека комуникацијата со адвокатите се одвивала преку неговата сопруга.






Првата пријава против Алексиќ ја поднесе актерката Милена Радуловиќ, по што истото го направи и нејзината колешка Ива Илинчиќ. По нивните искази, на полицијата и обвинителството им се јавија и други девојки. Алексиќ беше уапсен во јануари 2021 година и околу осум месеци помина во притвор, по што му беше определен куќен притвор со електронски надзор. Во март 2022 година и таа мерка беше укината и тој се бранеше од слобода.

Веста за смртта на Алексиќ, предизвика студени реакции во Србија. Додека дел од јавноста молчи, познатиот водител Воја Недељковиќ реши отворено да проговори за човекот кој од „недопирлив гуру“ на српското актерство се претвори во симбол на најтешки обвинувања.

Познатиот водител без влакна на јазикот го опиша контроверзниот учител по глума со зборовитеБеше арогантен, агресивен и гледаше со висина на сите околу себе“.

Водителот откри дека го запознал Алексиќ пред три децении, но дека тој тогаш не оставил никаков позитивен впечаток, туку напротив, делувал надмено и гледал на околината со потсмев. Недељковиќ истакна дека со години слушал поплаки од родители за неговата непотребна агресија и престроги методи во неговиот драмски курс.

Мирослав Мика Алексиќ дипломирал филмска режија на Факултетот за драмски уметности, а од 1980 година бил уметнички раководител на Драмското студио на телевизија Белград, односно радио-телевизија Србија. Во текот на кариерата режирал документарни филмови, радиодрами, телевизиски емисии и серии, како и играни и телевизиски филмови, а важеше и за еден од највлијателните драмски педагози, кај кого своите први чекори ги направиле бројни истакнати актери од српската сцена. Неговиот авторитет беше апсолутен, а секој негов збор се почитуваше како закон, сè додека првите обвинувања не ја скршија тишината што траеше со години.

Иако неговата смрт ги прекина понатамошните рочишта и со тоа процесот остана без официјална правна завршница, сведоштвата на жртвите оставија траен печат врз неговиот имиџ. За неговите колеги, Мика Алексиќ веќе не е човекот кој ги создаваше глумците, туку предатор кој ги уништувал детските соништа.

Поврзани содржини