НАМЕСТО ХЛОР ИМ ИСТУРИЛЕ КИСЕЛИНА!? Во хрватска бања најмалку 16 повредени
За време на испораката, добавувачот направил грешка и во резервоарот истури киселина (PH-). Предизвикана е хемиска реакција во воздухот, а загадениот воздух се прошири кон сауните и велнес-центарот – рече директорот на бањата Тухељски Терме.
Најмалку 16 луѓе се повредени и хоспитализирани откако вдишале испарена хемикалија во бањата Тухељски Терме во северна Хрватска, во близина на границата со Словенија.
Инцидентот се случил попладнево, а евакуирани се сите гости, главно туристи од Словенија, Италија и Германија, како и вработените во бањата
Повредените главно се жалат на проблеми со дишењето. 14 луѓе се згрижени во Општата болница Забок, а двајца се префрлени на лекување во Загреб, а еден е на интензивна нега. Сите почувствувале мирис на хемикалија по што почнале да се гушат, но следувала брза евакуација.
Директорот на бањата Тухељ изјавил дека инцидентот се случил по грешка на добавувачот на хлор за прочистување на водата во бањските базени.
– Околу 18 часот добавувачот на хемикалиидостави натриум хиперхлорид кој се користи за обработка на базенската вода и се чува во машинскиот оддел на базенот. За време на испораката, добавувачот направил грешка и во резервоарот истури киселина (PH-). Предизвикана е хемиска реакција во воздухот, а загадениот воздух се прошири кон сауните и велнес-центарот. Ситуацијата не беше предизвикана од базенската вода туку од киселината. Пристапено е според протоколите за такви инциденти и беше изведена евакуација за неколку минути по откривањето, изјави за „Вечерњи лист“ Васја Чрерник, директор на бањата Тухељске Терме.
Тој најави дека бањскиот ресорт утре ќе функционира нормално иако во моментот сè уште траат истражни активности проверки на надлежните служби за хемиски инциденти. На терен пристигнале и пожарникари и полиција.
Покрај морскиот туризам, во северозападниот дел на Хрватска се повеќе се вложува и во бањскиот туризам, а Тухељске терме е посетувана и од странски туристи.