НАМЕСТО ГРАЃАНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ ЌЕ БИДАТ КАКО ГРУПА ИЗБИРАЧИ Реагираат граѓанските движења

Во Законот постојат две опции. Избран е понеповолниот член, што практично е дискриминација и ставање во нефер позиција на сите учесници кои се од граѓанските листи - вели Јана Белчева Андреевска, граѓанско движење „Шанса за Центар“.

234

„Група избирачи“ наместо имињата на граѓанските иницијативи кои поднесоа независни листи за локалните избори ќе пишува на гласачкото ливче на 17 октомври.

Наместо имињата под кои граѓанските движења се регистрирани во Централниот регистaр, тие на гласачкото ливче ќе бидат запишани како „група избирачи“ дополнети со името на носителот на листата.






Одлуката за ваквото означување на независните листи ја донела Државната изборна комисија, што од пет граѓански иницијативи – „Шанса за центар“, „Зелените од Гази Баба“, „Подобро за Тетово“, „Независни за Карпош“, „Стига е“ од Струмица, Босилово и Ново Село – велат дека е нерамноправно претставување на независните листи наспроти политичките партии. Тие велат дека со тоа што ДИК ги променила нивните називи на гласачките ливчиња се отвора можноста гласачите да бидат доведени во заблуда.

Денеска, независните граѓански листи на прес-конференција укажаа дека освен промените на називите на гласачките ливчиња, нив не им бил даден на увид ниту избирачкиот список, кој им е важен за планирање на кампањата.

– Ни беше само соопштено дека на работен состанок е договорено сите независни кандидати, односно листи на независни кандидати да бидат со називот од група избирачи и носител на листа, а не така како што се регистрирани во Центарлниот регистар. Во Законот постојат две опции. Избран е понеповолниот член, што практично е дискриминација и ставање во нефер позиција на сите учесници кои се од граѓанските листи – вели Јана Белчева Андреевска, граѓанско движење „Шанса за Центар“.

Поврзани содржини