НАМЕСТО ГИГОВСКА, НА ГРУБИ ЌЕ МУ ПЕЕ ВЛАДО ЈАНЕВСКИ Пејачката не знаела дека фестивалот на Скендербег е со политичка конотација
Младата пејачка порача дека го откажала настапот, кој бил резервиран од нејзиниот менаџмент, а за кој таа не знаела дека има политичка конотација.
Антониа Гиговска го откажа настапот на „Peace festival“, кој го организира Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава, а на нејзино место ќе настапи владо Јаневски.
Иако од Министерство предводено од Артан Груби, на Фејсбук прво објавија дека пејачката ќе учествува на прославата на Рамковниот договор на плоштадот Скендербег во Скопје, потоа ја избришаа објавата и на нејзино место беше посочено дека на концертот ќе пее Јаневски.
Младата пејачка порача дека го откажала настапот, кој бил резервиран од нејзиниот менаџмент, а за кој таа не знаела дека има политичка конотација.
– Менаџментот прифати ангажман за кој не знаев/ не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна, јас не сакам да бидам дела од такви манифестации бидејќи политиката не ме интересира… Мојата работа е да правам музика која ќе остане и на фановите да им го дадам најдоброто од мене – стои во пораката од Гиговска.
Фестивалот ќе се одржи в сабота, а покрај Владо Јаневски, ќе настапат Нора Истрефи, Ермал Фејзулаху, Луми Б, Фифи и други.