НАМЕСТО ЕДЕН, 5 ЛОТА ОД ПО 3.000 ТОНИ ДОМАШНА ПЧЕНИЦА Николовски бара да се поништи тендерот за набавка на пченица за стокови резерви

Министерот за земјодлество најави дека за ова прашање Владата ќе расправа во вторник.

299

Во вторник Владата ќе расправа дали постапката на набавка на пченица на Агенцијата за стокови резерви ќе биде поништена или ќе бидат сменети критериумите и наместо еден лот од 15.000 тони, ќе има 5 лота од по 3.000 тони.

– Министерството за земјоделство побара од Владата, а вчера и лично на Комисијата за економски систем побарав, оваа постапка да се стопира или да се одложи со цел да не се набавува во еден лот 15.000 тони и притоа да немаме гаранција дека тоа е од домашна пченица, туку да се реформулира оваа набавка и да се адаптира на начин со којшто ќе  им овозможиме домашните производители да ја предадат пченицата преку оваа интервентна набавка што ја прави Агенцијата за стокови резерви – изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски.






Во вторник, како што најави, ќе информираат дали постапката ќе биде поништена и ќе биде распишана повторно или ќе биде продолжена постапката, но со сменети критериуми.

Поврзани содржини