Наместо дневница му понудил кокаин, но келнерот се навредил и го одбил

Имено, кога сопственикот на локалот не донел доволно пари во готово за да плати за услугата, тој му дал необична понуда на келнерот.

891

Келнер кој служел гости на забава во елитен дел на Виена бил зачуден кога дошло време да му ја платат неговата дневница.

Имено, кога сопственикот на локалот не донел доволно пари во готово за да плати за услугата, тој му дал необична понуда на келнерот.






– Ми даде три ќесички кокаин и ми рече да ги ставам во џеб – изјави келнерот за порталот „Heute.at“.

Кога работникот го прашал што е, тој рекол дека вреди повеќе отколку што должи. Келнерот, сепак, одбил да го земе кокаинот.

– Потоа одеше од маса до маса и позајмуваше пари од гостите за да може да ми плати – вели келнерот.

– Тогаш тој ми рече дека никогаш повеќе нема да се вратам на ова место – додаде тој.

Поврзани содржини