НАМЕСТО ДА СТЕ РАДОСНИ, ТРЕБА ДА СТЕ ЗАГРИЖЕНИ ЗА ОДЛУКАТА НА СТРАЗБУР Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека правдата ќе излезе на виделина
„Исто како што во јавноста излегува на виделина високата инфлација, криминалните тендери, корупцијата, предавствата, неспособноста како што е последниот случај со повлекувањето на евро обврзницата, со што СДС и ДУИ ја посрамотија државата и го нарушија нејзиниот углед“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Европскиот суд за човекови права донесе одлука во која вели дека поднесените апликации од апликантите се преуранети и не навлегува во суштината на апликациите. Во одлуката се вели дека не се исцрпени сите правни механизми во Македонија, па наместо да слави за дефокус, Владата треба оваа одлука да ја загрижи, бидејќи суштината и правдата еден ден ќе излезат на виделина, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Исто како што во јавноста излегува на виделина високата инфлација, криминалните тендери, корупцијата, предавствата, неспособноста како што е последниот случај со повлекувањето на евро обврзницата, со што СДС и ДУИ ја посрамотија државата и го нарушија нејзиниот углед“, се вели во соопштението.
Инаку, Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја отфрли како недопуштена, жалбата за поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година со која беа помилувани 56 лица осомничени и осудени во повеќе предмети што ги водеше Специјално јавно обвинителство, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, министерот за транспорт и врски во неговата влада Миле Јанакиески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УЈП Сашо Мијалков и други тогашни државни функционери.
ЕСЧП одлучуваше по жалбата поднесена од осуммина граѓани на Република Македонија од 2020 година.