НАМЕСТО ДА СИ ПОДНЕСАТ ОСТАВКИ, МУ ГО ОПРАВДАА СРАМОТ НА ВОЗАЧОТ Ова ли е судството на Заев расцветано како пупка?

Тие го штитат судијата кој на возач, кој прегази и усмрти млад, девојка која поминувала на пешачки, му пресудиле бедни две години затвор и го покриваат неговиот срам, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

414

Членовите на Судскиот совет наместо да си поднесат оставки оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на млада девојка на пешачки премин, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Коментирајќи го случајот со Теодора во Тетово од партијата реагираат дека „судството уште еднаш покажа дека не работи во заштита на правдата и во корист на граѓаните“.

„Наместо правда за народот, судството единствено работи во заштитата на неговите членови кои делат неправда или пак ја раздаваат правдата.






Со вчерашната постапка, Судскиот совет само го потврди ова. Судски совет се стави во служба и заштита на судија за кој човечкиот живот вреди само две години затворска казна. Тие го штитат судијата кој на возач, кој прегази и усмрти млада девојка која поминувала на пешачки, му пресудиле бедни две години затвор и го покриваат неговиот срам.

Овие членови на Судски совет, сите до еден се луѓе на Зоран Заев, кои се избрани од претходната влада на СДСМ и ДУИ, кои сега здружно ја газат правдата и ја уриваат државата.

Токму ова и беше причината поради која и им беше изгласа недовербата.

Но тие, не знаејќи за срам, морал и интегритет, наместо да поднесат оставки, со изгласани интерпелации продолжуваат да прават неправда.

Ова е тоа судство, расцветано како пупка на Заев, кое за ќебапи одредува пет години затворска казна, за кубење за коса на Радмила Шекеринска четири, додека за убиен човек само две години казна затвор.

Ваквите срамни одлуки на судството, потоа одбранети и поддржани и од Судски совет директно влијаат на губењето на надежта кај граѓаните дека правда во Македонија е возможна и дека постои.

Но, овој гнил правосуден систем ќе падне и ќе се распадне. Во државата ќе има одговорност и ќе има независен и кредибилен судски систем, во кој дел ќе бидат високо професионални лица со кредибилитет и висок морален интегритет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини