НАМЕСТО ДА ШТЕДАТ, ТИЕ РАСИПНИЧКИ ТРОШАТ Во само четири општини ВМРО-ДПМНЕ потроши над милион евра за партиски вработувања
Во тоа предничи Данела Арсовска која од буџетот на Град Скопје ќе потроши 670.000 евра за времени вработувања. Тоа е истата Арсовска која немаше пари да им помогне на скопјани за парното, вели портпаролката на СДСМ.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, не само што ништо не работат, туки расипнички ги трошат парите на граѓаните, обвини на денешната прес-конференција, портпаролка на СДСМ, Богданка Кузеска.
Како што кажа таа, само четири општини раководени од градоначлници на ВМРО-ДПМНЕ, годинава во време на најголема криза, ќе потрошат речиси милион евра за партиски вработувања.
– Во тоа предничи Данела Арсовска која од буџетот на Град Скопје ќе потроши 670.000 евра за времени вработувања. Тоа е истата Арсовска која немаше пари да им помогне на скопјани за парното. Потоа следи Бобан Стефковски кој за истата цел од буџетот на општина Гази Баба ќе потроши 200.000 евра народни пари. Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода за вдомување на партиски кадри и медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ годинава ќе потроши 100.000, а неговиот колега од Ѓорче Петров, Александар Стојковски за партиски вработувања ќе потроши над 25.000 евра – посочи Кузеска и додаде дека милион евра се сериозни средства со кои може да се реализираат десетици проекти или конкретно да им се помогне на одредени категории граѓани.
За разлика од нив, според Кузеска одговорност има од страна СДСМ, во време на криза да се штеди а сите пари да се насочат кон финансиска поддршка на граѓаните и стопанството.
– Антикризните мерки вредни 400 милиони евра веќе даваат резултат, стабилизирани се цените на храната и горивата, граѓаните финансиски се поддржани во време на криза. Минималната плата ја зголемувме, пензиите ги зголемуваме за досега највисоко ниво, ја субвенционираме струјата за граѓаните да не плаќаат поскапа струја. Сите институции се задолжени и веќе спроведуваат и мерки за штедење – рече Кузеска.