НАМЕСТО ДА СЕ ИЗВИНАТ, ТИЕ НАСИЛНИЦИТЕ ГИ НАГРАДУВААТ Ковачевски вели дека шест години по насилствата од 27 април сѐ уште нема извинување од ВМРО-ДПМНЕ

Но, еве шест години по ред извинување нема, туку напротив има наградување со финансиски средства од буџетот, на оние кои го извршија тој чин, изјави Ковачевски.

294

Премиерот Димитар Ковачевски денешната собраниска седница за пратенички прашања ја почна со изјава дека очекува на шестгодишнината на настаните од 27 април во Собранието, да добие извинување од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но наместо тоа гледа дека има наградување на лицата кои го сторија насилството.

– Јас најпрво очекував дека на денешниот ден некој ќе стане од партијата ВМРО-ДПМНЕ и конечно да се извини за најгрозоморниот чин кој што се има случено во ова Собрание кога на најкравав начин беа тепани пратеници и други службеници во Собранието, само со цел да се задржи власта. Но, еве шест години по ред извинување нема, туку напротив има наградување со финансиски средства од буџетот, на оние кои го извршија тој чин – изјави Ковачевски.






Прв на листата за пратенички прашања беше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Поврзани содржини