НАМЕСТО ДА ПРЕДАВААТ ЛЕКЦИИ, НАСТАВНИЦИТЕ ЦРПЕЛЕ ВОДА СО КОФИ Училиштето е поплавено, над 600 ученици во Кочани ќе следат онлајн-настава
Дождот го наполнил училиштето поради несоодветна реконструкција на кровот, која изведувачот ја започнал неодамна, но оставил еден поголем дел да остане непокриен.
Повеќе од 650 кочански средношколци ќе следат онлајн-настава поради тоа што нивното електро-машинско училиште „Гошо Викентиев“ е целосно полавено, пренесе Сител.
Дождот го наполнил училиштето поради несоодветна реконструкција на кровот, која изведувачот ја започнал неодамна, но оставил еден поголем дел да остане непокриен.
– Настана оваа хаварија, се поплавија голем број кабинети, уништен е поголем дел од компјутерската опрема и училишниот инвентар на школото. Електричната енергија е исклучена на први и втори кат заради безбедност на зградата – изјави за Сител, Спирко Златков, в.д директор на училиштето.
Најпоплавен е вториот кат. Изминатите три дена, наставниците и останатиот персонал ја ваделе водата и се обидувале да спасат дел од опремата.
– Влагата се симна и проби и на другите катови. Значи, вода имаме и на првиот кат и на приземјето – додаде Златков.