НАМЕСТО ДА НАПЛАТИ ДОБИЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ Скопјанец прво измамен за роба од над 4.300 евра, потоа и заплашуван

Оштетениот пријавил дека му биле испорачани градежни материјали, но наместо исплата, добил телефонски и лични закани од две лица – едното претставено како бизнисмен, другото како негов пријател.

424

40-годишен скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен за износ од 268.680 денари или околу 4.300 евра, а по тоа и бил подложен на сериозни закани.

Како што соопшти МВР, оштетениот на 21 јули 2025 година околу 10:45 часот поднел пријава во СВР Скопје, во која посочил дека непознато лице го контактирало телефонски и се претставило како сопственик на градежна фирма од Кочани. Лицето побарало соработка и испорака на градежни материјали, при што неколкупати му бил испорачан материјал од скопската фирма, сè со уредни фактури.






Сепак, по испораките, наместо плаќање, оштетениот бил мета на закани. Друго лице, претставувајќи се како пријател на „бизнисменот“ од Кочани, прво му се јавило со заканувачки тон, а потоа и лично се појавило во неговата фирма во Скопје, упатувајќи му сериозни закани.

Министерството за внатрешни работи информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите инволвирани лица.

Поврзани содржини