НАМЕСТО ДА ГО УРИВА, ДРЖАВАТА ДА ГО ПРЕНАМЕНИ ДИВОИЗГРАДЕНИОТ РЕСТОРАН НА АЕРОДРОМОТ СТЕНКОВЕЦ Во објектот вреден милион евра може да се обучуваат пилоти
Објектот е изграден на државно земјиште и не претставува пречка за никого, ниту влијае врз нормалното функционирање на аеродромот или околината повеќе од 5 години. Владата може да одбере багери или бесплатен јавен објект вреден 1 милион евра, погоден за образование, спортски активности за младите и за унапредување на државната инфраструктура, соопшти Аероклуб Скопје.
Наместо да го урива, државата може да го пренамени ресторанот на спортскиот аеродром Стенковец, соопшти Аероклуб Скопје.
„Како совесни граѓани и содружници во Аероклуб Скопје ДОО, во 2025 година поднесовме две кривични пријави против поранешниот управител Дејан Саздовски, за сторени кривични дела Бесправно градење и Злоупотреба на службена должност, согласно законите на Република Македонија. Објектот Ресторан на спортскиот аеродром Стенковец, Дејан Саздовски го изградил без градежна дозвола на државно земјиште и без соодветна одлука на содружниците на Аероклуб Скопје. Европска Унија дала 100.000 евра донација за изградбата. Република Македонија законски може и треба да го заплени објектот вреден 1 милион евра. Наместо да го урива во понеделник на 9 февруари, може да го намени за сопствени потреби“, се вели во соопштението на аероклубот.
На пример, се додава, објектот може да се пренамени во македонски воздухопловен школски центар, кој би можел да служи за обука на пилоти и други воздухопловни специјалисти, со оглед на актуелниот недостиг од таков кадар во Македонија.
„Објектот е изграден на државно земјиште, зелена ливада и не претставува пречка за никого, ниту влијае врз нормалното функционирање на аеродромот или околината повеќе од 5 години. Владата може да одбере багери или бесплатен јавен објект вреден 1 милион евра, погоден за образование, спортски активности за младите и за унапредување на државната инфраструктура. Ќе видиме во понеделник… Повелете на Спортскиот аеродром Стенковец“, соопшти Аероклуб Скопје.