Наместо да го пијат, Германците го истураат пивото вредно милиони евра

Тие се повикуваат на Заводот за статистика на Сојузна Република Германија и наведуваат дека во 2020 година во Германија се продало 5,5 проценти помалку пиво отколку претходната година. Дефицитот, според таа пресметка, главно оди на сметка на пивото кое се продава за точење.

744

Голем број германски пиварници во отворено писмо предупредија на катастрофалните последици од корона-кризата и „локдаунот“ врз произведувачите на пиво, до степен до кој, како што велат, е загрозен опстанокот на дел од нематеријалното наследство на УНЕСКО во Германија.

Кафулиња, барови, ресторани се затворени во Германија со месеци, објаснуваат во отвореното писмо, објавено на веб-страницата на Германското здружение на пивари, што доведе до тоа производителите на пиво едвај да можат да продадат нешто од пивото наменето за точење во рестораните.






Тие објаснија дека дури не се одржуваат ни свечености, како места каде што пиво се точи во кригли во огромни количини.

„Производи вредни милиони евра, чијшто рок на траење е истечен, мораа да бидат уништени“, објаснуваат тие.

Во писмото, пивопроизводителите апелираат за помош не само за себе, туку предупредуваат и на состојбата со земјоделците врз чија работа се темели производството на пиво. Тие предупредија дека 1.500 земјоделци изјавиле дека досега не биле вклучени во програмите за помош и дека доколку владата во Берлин и владите во одредени региони на Германија не реагираат на насочен и брз начин, „на многу погони им се заканува несолвентност“.

Производителите на пиво во Германија наведуваат и дека во март 2020 година УНЕСКО го призна традиционалното производство на пиво во оваа земја како нематеријално културно наследство, кое сега е „акутно загрозено“.

Тие се повикуваат на Заводот за статистика на Сојузна Република Германија и наведуваат дека во 2020 година во Германија се продало 5,5 проценти помалку пиво отколку претходната година. Дефицитот, според таа пресметка, главно оди на сметка на пивото кое се продава за точење.

Поврзани содржини