НАМЕСТО ЦРВЕНИ ЛИНИИ, ФИЛИПЧЕ ДА ПРЕДЛОЖИ СЕРИОЗНИ РЕФОРМИ ВО СДСМ Милошоски предвидува големи турбуленции во партијата по изборите

Венко Филипче знае дека ќе претрпи пораз на овие локални избори. Неговата борба после локалните избори, не е борба за позициите на Македонија. Неговата борба, е борба за задржување на чело на СДСМ, бидејќи тој и Зоран Заев имаат интерес СДСМ да ја третираат како нивна приватна сопственост, вели Милошоски.

72

Венко Филипче ја менува својата политика и позиции во зависност од потребите на својот финансиски и политички ментор, Зоран Заев, а кои се во нивен заеднички интерес да се задржат на чело на СДСМ, коментира денеска Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во врска со црвените линии на Филипче.

Тој предвидува дека СДСМ по изборите го очекува не само пораз, туку и големи турбуленции во партијата.






– Венко Филипче знае дека ќе претрпи пораз на овие локални избори. Неговата борба после локалните избори, не е борба за позициите на Македонија. Неговата борба, е борба за задржување на чело на СДСМ, бидејќи тој и Зоран Заев имаат интерес СДСМ да ја третираат како нивна приватна сопственост. Затоа оваа предлог-резолуција за наводни црвени линии кон францускиот предлог, е порака со која што Венко Филипче бара спас и поддршка од дел од меѓународната заедница и после поразот на локалните избори да му овозможат и да му помогнат да остане на чело на СДСМ, за во иднина да го доврши предавството што го започнаа Заев и Бујар Османи – рече Милошоски.

Тој вели дека нивното време завршило.

– Најдобро е Венко Филипче наместо предлог-резолуција со црвени линии за францускиот предлог, да предложи внатре во СДСМ предлог-резолуција за сериозни реформи во таа партија која што ја окупираа финансиски олигарси, предводени од Зоран Заев – порача Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потсети дека на прес-конференција на 1 октомври 2024 година, Венко Филипче изјави дека францускиот предлог е победа и голем успех на нашата дипломатија.

– Парадоксот е толку голем, што денес една година потоа, Филипче изјавува дека се потребни црвени линии и резолуција за заштита од оваа негова во наводници прогласена дипломатска победа. Дали Венко Филипче лажеше во 2024 година кога кажа дека дипломатијата победила со прифаќањето на францускиот предлог или лаже денес кога нуди предлог резолуција со црвени линии за заштита од истиот француски предлог којшто е целосно во корист на источниот сосед – прашува Милошоски.

Според него, Венко Филипче не знае да изгради ниту автопат, ниту клинички центар, но е многу способен, како што рече, заедно со неговиот гуру Зоран Заев, да стави потпис и печат на секој иден документ, којшто дополнително би ја потчинил Република Македонија на ист начин како што тоа го направи Бујар Османи со францускиот предлог и анексите кои што ги прифати во корист на соседна Софија.

– Затоа сметаме дека ваквите изјави и изменети ставови на Филипче, не се порака до македонските граѓани, туку се порака до соседна Бугарија, бидејќи Венко Филипче се надева дека источниот сосед или некој меѓународен актер ќе му помогне да дојде на власт, или барем да ја задржи водечката позиција во СДСМ, бидејќи знае дека нема поддршка од македонските граѓани, а нема поддршка ниту од најголемиот дел од симпатизерите или членовите на СДСМ – вели Милошоски.

Поврзани содржини