НАМЕСТО ЧОКОЛАДО ИЛИ ГРИЦКИ Пакет со марихуана примил пациент во Психијатриската болница во Демир Хисар
Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека полициски службеници ја подигнале дрогата за понатамошна постапка.
Вчера во ОВР Демир Хисар, од Јавна здравствена установа Психијатриска болница – Демир Хисар било пријавено дека при контрола на пратка наменета за 20-годишен пациент од Охрид биле пронајдени марихуана и една таблета.
Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека полициски службеници ја подигнале дрогата за понатамошна постапка.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.