📷 НАМЕСТО „BRAIN DRAIN“-„BRAIN EXPORT“ Brainster извезува македонски образовен модел во Европската Унија
Со ова партнерство испраќаме силна порака: Македонија не мора да биде извор само на работна сила, може да биде извор на квалитетни образовни решенија што се применливи и во Европската Унија и пошироко. А работната сила и кадрите на иднината од Македонија има каде својата стручност да ја стекнат дома, по највисоките ЕУ стандарди, вели Петар Ниновски, основач и ЦЕО на Бреинстер групацијата за визијата на компанијата.
Академијата Brainster извезува македонски образовен модел во Словенија, ,нешто што, според компанијата, претставува историски чекор „во време кога има одлив на млади и талентирани кадри“ и кога „многу македонски студенти своето академско образование го продолжуваат токму во Словенија“.
Во соопштение до јавноста од Brainster го објаснууваат стратешкото партнерство со реномирани образовни институции преку кое нивната франшиза за академијата NU High School Academy за средношколци за првпат ќе биде достапна во Европската Унија.
„Додека државните универзитети во Македонија веќе не се ни во топ 2000 на Шангајската листа, а земјата со години се соочува со масовен одлив на млади и талентирани кадри, ние во Brainster направивме историски чекор: наместо да извезуваме луѓе, сега извезуваме знаење, методологија и образовна иновација. А луѓето ги задржуваме, со понуда на современи програми, практична настава и сигурна патека до вработување“, велат од Brainster.

Оттаму велат дека со гордост објавуваат дека NU High School Academy, „нашата практична академија за талентирани средношколци, од сега е присутна и во Европската Унија, бидејќи потпишавме стратешко партнерство со Erudio Education Group, словенечка образовна групација основана во 1993 година, која има цел да воведе иновативни методи на учење и поддршка за студентите пред се преку практично, персонализирано и модерно образование, како и со FirstClass, компанија специјализирана за пронаоѓање и селекција на стручни и водечки кадри, како и развојни и HR консултантски услуги“.
Овие образовни групации и компании го препознале, како што се вели во соопштението, квалитетот на програмите во рамки на Brainster групацијата.
„Erudio, реномирана образовна институција од Словенија, и FirstClass, водечка словенечка компанија посветена на младите таленти преку својот BusinessClass програм, со гордост го објавуваат новото стратешко партнерство. Преку NU High School Academy програмите, целиме да им овозможиме на младите амбициозни и талентирани личности практични знаења и суштински вештини кои ќе ги поддржат во личниот развој и ќе им помогнат со самодоверба да зачекорат кон успешна кариера“, велат во заедничка изјава од Erudio и FirstClass.

Оваа франшиза на Brainster наскоро ќе биде понудена и во уште неколку европски земји меѓу кои и Хрватска, додека пак дома, компанијата вели дека ќе продолжи да нуди концепт кој е баран во земјите на ЕУ.
Оттаму велат дека NU High School Academy е практичен модел кој носи резултати, од Македонија – за Европа.
„NU High School Academy е нашата програма наменета за талентирани средношколци од 15 до 18 години, која сега станува првиот македонски образовен концепт што се извезува во Европската Унија.
Овој модел вклучува:
• менторирање од практичари,
• учење преку реални проекти и тимска работа,
• развој на дигитални и „меки“ вештини,
• фокус на личен развој, самодоверба и кариера.
Наместо да извезуваме готов кадар – извезуваме цел систем“, порачуваат од Brainster.
Со години Македонија извезува обучени луѓе кои се вработуваат и создаваат вредност надвор.
Од Brainster велат сега, тие го менуваат овој наративот.
„Извезуваме концепт, методологија и вредност, а младите ги задржуваме тука, нудејќи им реална перспектива, современ систем и средина што ги препознава и поттикнува нивните потенцијали. И што е најважно, се грижи за иднината на младите, нудејќи им практични вештини и знаења преку работа на реални проекти. Таков е примерот со Brainster Next колеџот – првиот практичен колеџ за дизајн и софтверско инженерство во Македонија каде што теоријата и праксата се споени во секој предмет“.
Според компанијата, концептот кој го препознаваат образовните институции во Европската Унија, регион во кој како држава тежнееме да достигнеме стандарди, е истиот концепт кој го препознаваат и младите овде. Brainster смета дека младите сè почесто сфаќаат дека не мора да заминат за да стекнат врвни вештини, силен личен развој и професионална иднина.

– Со ова партнерство испраќаме силна порака: Македонија не мора да биде извор само на работна сила, може да биде извор на квалитетни образовни решенија што се применливи и во Европската Унија и пошироко. А работната сила и кадрите на иднината од Македонија има каде својата стручност да ја стекнат дома, по највисоките ЕУ стандарди. Ова, всушност, е и визијата на Brainster групацијата: да создадеме генерации на талентирани, мотивирани и вешти млади луѓе, а Македонија да стане синоним за квалитетно и современо образование – вели Петар Ниновски, основач и ЦЕО на Бреинстер групацијата.
Ниновски најавува дека оваа соработка со Словенија е само почеток и дека наскоро може да се очекува проширување на програмите на Brainster и во други европски земји.