НАМЕРНО Е ИСКЛУЧЕНА СТРУЈАТА ДО НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ Инспекторите на МААЕ тврдат дека таму имало пожар
Украина ја известила МААЕ дека резервниот далновод ќе биде повторно поврзан откако пожарот ќе се изгасне.
Резервниот далновод што ја снабдува нуклеарката Запорожје (ЗНПП) во Украина намерно беше исклучен поради гаснење на пожар, но не е оштетен, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), повикувајќи се на информации од Украина.
– Запорожје продолжува да ја добива потребната енергија за безбедност од својот единствен оперативен реактор – се вели во соопштението на МААЕ.
Украина ја известила МААЕ дека резервниот далновод ќе биде повторно поврзан откако пожарот ќе се изгасне.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски, пак изјави дека новото икслучување на струјата што ја поврзува нуклеарната централа Запорожје со националната мрежа ја довело нуклеарната централа чекор поблиску до катастрофа со радијација.
Зеленски рече дека за тоа е одговорно новото руско гранатирање.
– Уште еднаш, по втор пат, поради руска провокација, станицата Запорожје беше на работ на радијациска катастрофа – рече тој.
Според него, гранатирањето на територијата околу нуклеарната централа значи дека на Русија не ѝ е грижа што ќе каже Меѓународната агенција за атомска енергија и оти не е загрижена што ќе одлучи меѓународната заедница.