НАМАЗ ОД ТИКВА Уште еден деликатес за љубителите на нашата домашна банана
Меѓудругите здравствени придобивки, тиквата помага за намалување на холестеролот во крвта, а исто така се препорачува во исхраната на оние кои страдаат од гихт или ревматски проблеми. За оние кои ја сакаат, ова е уште еден деликатес во низата, а за другите – уште една можност да ја засакаат
Тиквата е идеална храна за луѓе кои имаат проблеми со желудникот и со цревата. Заради големата количина на влакна што ги содржи, помага против запек и ги ублажува проблемите со воспаление на дебелото црево.
Исто така е диуретик, затоа се препорачува за воспаленија на уринарниот тракт, бубрезите и за проблеми со жолчката. Помага за намалување на холестеролот во крвта, а исто така се препорачува во исхраната на оние кои страдаат од гихт или ревматски проблеми.
Денес е познато дека бета каротенот, со кој е богата тиквата, има повеќекратни заштитни ефекти врз нашето тело.
Повеќе за ова, како и рецептот за овој вегетаријански намаз од тиква, побарајте на порталот „Арт кујна“.