Намалувањето на ДДВ за струјата од денеска во Собрание

Измените на Законот за ДДВ кои треба да овозможат повластена стапка и за струјата за домаќинствата денеска се разгледуваат во комисијата за финасирање и буџет.

234

Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност со кој се намалува даночната стапка од 18 на 5 отсто за струјата за домаќинствата денеска е на расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Владата побарала законот за се донесе по скратена постапка. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со амандмани бара повластената даночна стапка за струјата од 5 отсто за важи и за компаниите и да остане, ако цената на струјата произведена од ЕСМ остане иста.

Според предлогот, повластена стапка од 5 отсто на ДДВ ќе има и за прометот и увозот на струја за домаќинствата. Оваа стапка ќе биде со важност од 1 јули 2021 година до 30 јуни 2022 година.






Од 30 јуни 2022 година па се до 30 јуни 2023 година за промет и увоз на струја за домаќинствата ќе важи повластена стапка на ДДВ од 10 отсто.

Цел на ваквиот предлог, како што образложува Министерството за финансии кое ги подготви измените на Законот за ДДВ, е да се овозможи пониска цена на струјата за граѓаните во период од две години.

Се очекува предложените измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност да имаат незначителни негативни фискални импликации врз Буџетот.

ВМРО-ДПМНЕ има два амандмана на предлог-законот за намалување на ДДВ за електрична енергија. Бара законот да важи не само за домаќинствата, туку и за компаниите, како и данокот да остане пет отсто доколку цената на електричната енергија не биде иста.

Од партијата сметаат дека оваа измена на законот може да има краток век по завршувањето на локалните избори, а потоа некој да го обжали на Уставен суд, да падне и повторно да се врати ДДВ на 18 отсто и да плаќаме 12,35 отсто поскапа електрична енергија.

Регулаторната комисија за енергетика на крајот на минатиот месец ја зголеми цената на струјата за домаќинствата за 12,36 отсто, со најава дека ќе биде намалена стапката на ДДВ.

Регулаторите пресметаа дека намалениот данок ќе го анулира ова зголемување на цената на струјата за домаќинствата.

Поврзани содржини