НАМАЛЕТЕ ГО РИЗИКОТ ЗА СЛАБЕЕЊЕ НА МЕМОРИЈАТА ЗА 41 ОТСТО Koи модели на исхрана можат да помогнат во зачувување на здравјето на мозокот

Ново истражување на научниците од Харвард открива силна врска меѓу навиките во средни години и здравјето на мозокот и посочиле која исхрана може да го спречи слабеењето на меморијата за дури 41 отсто

68

Фасцинантни податоци од ново истражување покажуваат дека исхраната во средните години игра клучна улога за здравјето на мозокот подоцна во животот. Луѓето кои се хранат поздраво во овој период имаат значително помал ризик од слабеење на когнитивните функции во староста.

Според студија објавена во списанието Јama Neurology, одредени модели на исхрана можат да помогнат во зачувување на меморијата, концентрацијата и другите важни функции на мозокот.






Диетата DASH со најсилен ефект

 

Истражувачите утврдиле дека ДАШ диетата (Dietary Approaches to Stop Hypertension/Диетални пристапи за запирање на хипертензијата), која често се препорачува за здравје на срцето и намалување на крвниот притисок, обезбедува најголема заштита за здравјето на мозокот.

Лицата кои најдоследно ја следеле оваа исхрана имале дури 41 отсто помал ризик од когнитивен пад во подоцнежните години, во споредба со оние кои најмалку се придржувале до неа.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини