Ски–центарот „Попова Шапка„ ги намалува цените на ски–билетите. Со намалувањето, од сабота (30.01.2021) до крајот на сезоната билетите ќе можат да се набават по следниве цени:
Дневен ски билет 800 денари.
Полудневен ски билет 550 денари.
Детски ски – билет 400 денари.
Ноќно скијање 400 денари.
Поединечен билет за двосед „Син Врв“ 150 денари.
Поединечен билет за шестоседата жичница „Лајтнер“ 150 денари.
Поединечен билет за двосед „Св. Илија“ 100 денари.
За сите билети во Ски–центарот се наплаќа повратна кауција во висина од 200 денари. Средствата од кауцијата се рефундираат при враќање на ски-билетот на благајната.
– И покрај пандемијата од kовид 19, Ски–центарот „Попова Шапка, пред сѐ заради големото количество снег, но и заради ограничениот излез за патувања надвор од земјава со актуелната ситуација, бележи исклучително добра ски сезона. Од тие причини, новото раководство на „ЕЛЕМ ТУРС“, Друштво кое стопанисува со Ски – центарот „Попова Шапка“ донесе одлука за намалување на цените на ски – билетите и на билетите за едно возење на жичниците во Ски–центарот со цел да помогне во семејните буџети и да овозможи поголема достапност на услугите на Ски–центарот на скијачите, бордерите и посетителите на Ски–центарот – ЕЛЕМ ТУРС.