Намалена видливост поради магла има на патните правци Куманово-Страцин и Групчин-Тетово
Намалена е видливоста и на планинските премини Плетвар и Буково
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ.
Поради појава на магла видливоста е намалена на 50 до 100 метри има на патните правци Куманово-Страцин и Групчин-Тетово, и на планинските премини Плетвар и Буково.
Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.