НАМАЛЕНА Е ПРОДАЖБАТА НА СТАНОВИ ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ Најскапиот стан е продаден во општина Центар
Најголем број продадени станови, според Регистарот на цени и закупнини на недвижности, има во општина Аеродром каде во вториот квартал се продадени 164 стана, а најголем број продадени куќи има во Битола односно 60 куќи.
Во вториот квартал од годинава продадени се помалку станови од првиот квартал од годинава. Податоците што ги објави Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од 1 април до 30 мај покажуваат дека во овој период продадени се 676 новоизградени станови од инвеститор, што е за 178 станови помалку во споредба со првиот квартал од годинава.
Во фаза на градба се 25.354 станови коишто се очекува да се најдат на пазарот на недвижности.
Најголем број продадени станови, според Регистарот на цени и закупнини на недвижности, има во општина Аеродром каде во вториот квартал се продадени 164 стана, а најголем број продадени куќи има во Битола односно 60 куќи.
Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар каде стан од 96 метри квадратни е продаден по цена од 260.000 евра или 166.563 денари (2708 евра) за квадратен метар.
Во вториот квартал од годинава забележани се и 150 продажби на гаражи и тоа во поголем број општини, а најголем број деловни простории се продадени во општина Центар (28).
Во вториот квартал во Регистарот на цени и закупнини регистрирани се 754 продажби од инвеститор од кои 676 се станови, 71 куќа, 5 гаражи и 2 деловни простора.