Намален процентот на болни од ковид-19 кои завршуваат во болница

283

Министерот за здравство Венко Филипче во објава на Фејсбук посочува дека процентот на хоспитализирани лица заболени од ковид-19 во изминативе две недели е намален за речиси два процентни поени.

– Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со ковид-19, процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси два проценти, односно од 11,5 отсто на 15 јули на 9,7 отсто на 23 јули – наведува Филипче.






Тој посочува дека во континуитет, процентот на хоспитализирани лица од вкупниот број на активни случаи не надминува повеќе од 12 проценти.

– Да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себеси, здравствените работници и да го одржиме нашиот здравствен систем стабилен, порачува Филипче.

Поврзани содржини