НАМАЛЕН E БРОЈОТ НА ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДБА Сепак, од 237 објекти што ќе се градат 140 се згради

Предвидената вредност на објектите изнесува 3,98 милијарди денари (околу 64,7 милиони евра) што е за 19,5% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

40

Во декември лани се издадени 237 одобренија за градење што е намалување за 17,4% во однос на истиот период од 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Предвидената вредност на објектите изнесува 3,98 милијарди денари (околу 64,7 милиони евра) што е за 19,5% помалку во однос на истиот месец од претходната година.






Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 140 се наменети за објекти од високоградба, 42 за објекти од нискоградба и 55 за објекти за реконструкција.

Од вкупно 237 објекти, на 132 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во Скопскиот и Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење – по 51.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 411 станови со вкупна корисна површина од  38.300 квадратни метри. Од нив 176 се станови кои ќе се градат во Скопскиот регион.

 

Поврзани содржини