НАМ ДАЈТЕ НИ ПРОТИВВОЗДУШНА ОДБРАНА, А НА РУСИЈА САНКЦИИ Зеленски бара решителна акција од САД и од Европа
Зеленски објави дека Русија ноќеска лансирала повеќе од 450 дронови и над 30 ракети во нападот на енергетската инфраструктира на Украина, што, меѓудругото, предизвика и прекин на електричната енергија во источниот дел на Киев.
Сојузниците да одговорат со конкретни мерки на масовниот руски напад врз украинската енергетска инфраструктура, побара денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Не се потребни празни зборови, туку решителна акција од страна на Соединетите Американски Држави, Европа и Г7, преку испорака на системи за противвоздушна одбрана и спроведување на санкции – се наведува во соопштението на Зеленски објавено на социјалните мрежи.
Тој додаде дека Русија лансирала повеќе од 450 дронови и над 30 ракети во нападот ноќеска, кој, меѓудругото, предизвика и прекин на електричната енергија во источниот дел на Киев.
Министерството за енергетика на Украина соопшти дека низ целата земја „Русите изведуваат масовни удари врз украинската енергетска инфраструктура“.
Според украинските власти, седумгодишно дете загинало, а 3 лица се повредени во руските напади во областа Запорожје во централна Украина, додека 9 лица се повредени во Киев.
📽️ НАПАД СО ДРОНОВИ ВО КИЕВ, ГОРЕШЕ ОБЛАКОДЕР Русите целат на енергетските постројки