НАЛУДНИЧАВ ЕКСПЕРИМЕНТ НА РУСКИОТ МЕНГЕЛЕ Лудиот научник создал двоглаво куче, а доказ за ова се сликите што го шокирале светот

Иако е тешко да се поверува дека советскиот научник Владимир Демихов навистина направил куче со две глави, доказ се надреалните фотографии кои се појавиле во магазинот LIFE во 1959. година.

986

Човек во долг бел мантил се појавува зад железна завеса и покажува кон аголот каде што стои фигура, темна и нејасна. Тој го води суштеството кон светлото во градината, откривајќи чудно, големо куче со мало тело кое му ѕирка од грбот. Другата глава се ниша на спротивната страна, со задишан јазик, а нозете му висат накосо над рамениците на неговиот поголем пријател.

Иако е тешко да се поверува дека советскиот научник Владимир Демихов навистина направил куче со две глави, доказ се надреалните фотографии.






Нарекувањето на Владимир Демихов луд научник го намалува неговиот придонес во медицината, меѓутоа, некои од неговите радикални експерименти го доближуваат до таа титула. Иако можеби звучи како мит, пропаганда или фотошоп – во 1950-тите, Владимир Демихов навистина создал куче со две глави.

Почнувајќи од 1954 година, Демихов и неговите соработници ја испробале оваа операција 23 пати, секој пат со различен резултат. Иако 24-тиот пат не бил најуспешен обид, бил најуспешен заради написот и фотографиите кои се појавиле во магазинот LIFE во 1959. година.

За оваа операција Демихов избрал две кучиња, еден голем германски овчар скитник кого Демихов го нарекол Бродјага (што на руски значи „скитник“) и едно помало куче по име Шавка. Бродјага би бил куче-домаќин, а главата и вратот и биле земени на Шавка.

Под предните нозе му бил ампутиран долниот дел од телото. На Бродјага му е направен рез на вратот, а лекарите го сошиле горниот дел од телото на Шавка. Остатокот бил главно васкуларна реконструкција и фиксирање на прешлените на кучињата со пластични жици.

Благодарение на богатото искуство на тимот, операцијата траела само три и пол часа. Откако кучето со две глави било реанимирано, двете глави можеле да слушаат, да гледаат, да мирисаат и да голтаат. По операцијата Шавка сама пиела, бидејќи не била поврзана со стомакот на Бродјага. Сè што ќе испиела Шавка течело низ надворешната цевка на подот.

Ова куче со две глави живеело само четири дена. Ако вената во пределот на вратот не била случајно оштетена, можеби ќе живеело уште подолго.

Дури и ако ја оставиме настрана смртта на кучињата, остануваат непријатните морални импликации од експериментот на Демихов. Оваа трансплантација на глава, за разлика од некои негови други достигнувања во областа на трансплантологијата, немала примена во реалниот живот, а имаше реални последици за кучињата.

Сепак, колку и да звучи ова нечуено, трансплантацијата на глава не била толку радикална во текот на 1950-тите. Уште во 1908 година, францускиот хирург д-р Алексис Карел и неговиот партнер, американскиот физиолог д-р Чарлс Гатри го испробале истиот експеримент. Нивниот експеримент на почетокот би ветувал, но по будењето, кучињата многу брзо би ги изгубиле виталните функции и би биле евтаназирани за неколку часа.

До денес, некои неврохирурзи веруваат дека трансплантацијата на глава ќе биде реалност во многу блиска иднина. Сепак, повеќето други членови на медицинската заедница веруваат дека трансплантацијата од овој тип е сè уште научна фантастика.

Поврзани содржини