Освен филмот „Врба“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски што отпадна од трката за Оскар за странски филм, и краткометражниот филм „Налепница“ на Георги М. Унковски, а со главна улога на Сашко Коцев, не влезе во потесниот круг за престижната награда.
„Налепница“ по сценарио и режија на Георги М. Унковски се квалификуваше за влез во оскаровската трка откако во септември победи на фестивалот „Ин д палас“ во Софија, Бугарија. Победникот на овој меѓународен фестивал за краток филм се квалификува за учество во трката за номинација за Оскар.