Нaинголан сака да се врати во Рома
Не сакам да ги навредувам навивачите на Интер, но тажно ми беше што ја напуштив Рома, рече Наингголан.
Фудбалерот од средниот ред на Каљари, Раџа Наинголан, кој е позајмен од Интер, би сакал да се врати во Рома.
– Не сакам да ги навредувам навивачите на Интер, но тажно ми беше што ја напуштив Рома, рече Наингголан во живо на Инстаграм.
– Што се однесува до тоа дали ќе се вратам кај Римјаните – ако условите се соодветни, ќе се вратам. Поминав прекрасни години во Рим. Ова е клуб кој ме сака и на кој дадов сè. Во Рома сè беше толку природно за мене што ми недостасува сè. Ајде да видиме, вратата е секогаш отворена – додаде 31-годишниот белгиски фудбалер.
Во тековната сезона, Наинголан настапи на 24 натпревари на сите турнири, во кои постигна пет гола и оствари шест асистенции.