НАГРНАА ДА ПРИЈАВАТ ДАНОК ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ Задушен е системот е-даноци
Рокот за доставување на ДДВ - пријава е 25 октомври.
Поради зголемен прилив на ДДВ пријави, системот е-даноци работи забавено, соопшти Управата за јавни приходи, откако дел од сметководителите пријавија дека имаат тешкотии да поднесат ДДВ пријава.
-Тимови од УЈП активно го следат функционирањето на системот – велат од УЈП.
Оттаму и со апел даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот момент за поднесување на пријави.
Последниот рок за доставување на ДДВ – пријава е 25 октомври.