НАГРНАА 600 РУСКИ ДРОНОВИ, РУСИТЕ УДРИЈА ПРЕД БОЖИЌ Зеленски очекува уште напади по празниците

Според украинскиот лидер Володимир Зеленски, Москва подготвува нов бран напади по празниците, велејќи дека тоа е „нормално за Русија“. Недостигот од системи за воздушна одбрана, како што посочи, ја прави ситуацијата уште потешка.

1,259

Повеќе од 600 беспилотни летала и 30 проектили ги нападнаа Киев и енергетската мрежа на Украина, а најамлку три лица загинаа, меѓу кои и дете. Се работи за најмасовниот руски напад во последните месеци.

– Овие напади пред Божиќ, кога луѓето само сакаат да бидат дома со семејствата, покажуваат што му е приоритет на Путин – рече Зеленски.






Зеленски предупреди дека Москва подготвува нов бран напади по празниците, велејќи дека тоа е „нормално за Русија“. Недостигот од системи за воздушна одбрана, како што посочи, ја прави ситуацијата уште потешка.

 

Тревогата за воздушен напад била активна во речиси цела Украина. Министерството за енергетика воведе вонредни рестрикции во неколку региони, вклучувајќи го и Киев, каде што делови од градот останале без струја.

Полска објави дека подигналa авиони за да го заштити својот воздушен простор.

Украина го слави Божиќ на 25 декември според новиот календар, иако дел од населението сè уште го празнува и на 7 јануари, како во Русија.

Во вечерното обраќање, Зеленски најави враќање на украинската делегација од Мајами, каде што се одржаа мировните разговори со американскиот специјален претставник Стив Виткоф. Тој оцени дека разговорите биле „конструктивни“, но без конкретен напредок.

Синоќа Украина нападна голема нафтена постројка во Ставропол, која го управува рускиот енергетски гигант „Лукоил“.

📽️УКРАИНСКИ ПОГОДОК, ГОРИ НАФТЕН ГИГАНТ ВО СТАВРОПОЛ Русите возвратија, Полска крена авиони

 

Поврзани содржини