НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИТЕ 82 УЧЕНИЦИ ВО ЦЕНТАР Герасимовски им подели стипендии до 3.500 денари

Општина Центар ги награди најуспешните ученици со месечни стипендии до 3.500 денари, како мотивација и признание за нивните резултати во науката, техниката и културата.

179

Во пресрет на Денот на општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски им врачи 82 стипендии на најуспешните ученици од општинските основни училишта. Стипендиите, во износ до 3.500 денари месечно, се доделени на талентирани млади во областа на науката, техниката, културата и посебните вештини.

– Доделувањето на стипендии ми е секогаш најдраг момент. Тоа е ретка прилика да ги видиме младите уметници на дело, секој со својот автентичен талент. Вистинско задоволство за душата – изјави Герасимовски, додавајќи дека вчера биле доделени 44, а денеска уште 38 стипендии.






Тој нагласи дека оваа поддршка е повеќе од финансиска помош, таа е мотивација и признание за трудот и резултатите на младите таленти.

– Нивните успеси се нашата најголема радост. Општина Центар ќе продолжи да инвестира во младите, во образованието и во иднината на Центар – порача градоначалникот.

Стипендиите ќе се исплаќаат до крајот на учебната година, со цел учениците да имаат поттик да продолжат да ги постигнуваат своите цели и да ја претставуваат општината во најдобро светло.

Поврзани содржини