Наградени 32 првенци на генерација од 23 средни училишта

349

На 32 матуранти, првенци на генерацијата 2016 до 2020 и 2017 до 2020 од 23 скопски средни училишта денеска во град Скопје им беа доделени специјални признанија и парични награди, на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, што се одржа во Куршумли ан.

„Да се биде првенец на генерацијата значи дека си на пат да ги реализираш своите соништа. Јас навистина посакувам вашите соништа да ги реализирате овде, а соништата за вашата иднина да бидат врзани за нашата земја. Затоа што сме земја во подем, затоа што сме град кој што се менува, зашто сме општество кое што се менува и многу дилеми кои што сте ги имале во текот на средношколските денови полека ќе почнеме заедно со вас да ги надминуваме. Вие во многу блиска иднина ќе бидете моторот на општеството, на градот и на државата, ќе бидете оние кои ќе треба да ги менуваат работите. Многумина од вас ќе станат лекари, инженери, правници, економисти, а јас ви пожелувам да станете и останете пред се луѓе. Само човек што има знаење и личен интегритет е човек што ги движи и менува работите – им порача на матурантите градоначалникот Шилегов.

Поврзани содржини