НАГРАДАТА ЗА МИР ПРЕСПА ЈА ДОБИ „НЕМА ДРУГА ЗЕМЈА“ Оскаровците ја примија наградата од Ципрас и од Заев

841

Документарниот филм „No Other Land“ („Нема друга земја“) што го прикажува уништувањето на палестинската заедница на окупираниот Западен Брег, ја доби наградата за мир Преспа за 2025 година на Институтот „Алексис Ципрас“, а режисерите на документарецот Палестинецот Басел Адра и Израелецот Јувал Абрахам наградата ја примија од Алексис Ципрас и од Зоран Заев на маргините на Втората меѓународна конференција посветена на демократијата и социјалната правда, јави дописничката на МИА од Атина.

Публиката скандираше „Слобода за Палестина“, а режисерите им се заблагодарија на присутните и на организаторите за наградата.






Адра, обраќајќи им се на присутните порача дека „мир ќе се постигне само кога ќе постои еднаквост за луѓето и правда“.

– Овде сум и барам од политичарите, од Европејците да сторат нешто, да преземат сериозна акција, да воведат санкции за Владата на Израел, да наметнат прекин на непријателствата во Газа и Западниот Брег, да им се даде подобра иднина и подобар живот на жителите – порача Арда.

Лани, на првата ваква конференција, наградата за мир Преспа ја доби медијаторот во преговорите за името Метју Нимиц.

На панел-дискусија на конференцијата учествуваше и лидерот на СДСМ Венко Филипче, а се сретна и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас.

Инаку, „Нема друга земја“ („No Other Land“) го доби Оскарот за најдобар документарен филм во март годинава. Документарниот филм е продуциран со палестинско-израелски соработка и ја следи приказната за палестински активист кој се спријателува со израелски новинар за да му помогне во неговата мака за правда во тековниот конфликт во регионот.

Поврзани содржини