НАГРАДА „АГОРА ДОКС“ ЗА „ЉУБОВНАТА СОБА“ НА ДИНЕВСКИ Документарецот е приказна за жените на робијашите
Филмот раскажува две интимни љубовни приказни на две млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворка казна во КПД Идризово.
Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба” доби награда на „Агора Докс“ на фестивалот за документарен филм во Солун во Грција. Филмот е во режија на Сузана Диневски, а е во продукција на Сузи Кју.
Продуцент на филмот е исто така Сузана Диневски, а ко-продуценти се Владимир Стојчевски (Аворд Филм и Видео) и Бојана Диневски (Сузи Кју). Директор на фотографија е Фејми Даут, а монтажата е на Горан Вуќиќ.
Музиката е на Дуке Бојаџиев, организатор е Горан Стојилковиќ, а тонски дизајнер е Игор Поповски.
Филмот раскажува интимни приказни на неколку жени за нивното емотивно, социјално и психолошко патешествије што го минуваат додека нивните мажи или партнери се наоѓаат на отслужување на затворски казни. Филмот го раскажува влијанитето кое интимните затворски посети ги имаат врз неколкуте жени од Балканот, преку самите карактери на овие исклучителни жени и нивните трансформации.
Финансиски е поддржан од Агенцијата за филм.