НАГЛО КОЧЕЊЕ НА БРЗАТА ПОМОШ ПРЕДИЗВИКА ПОВРЕДИ Пациентот што го возеле почина во болница
Возило на приватна установа нагло застанало за да избегне судир со друг автомобил што побегнал.
На крстосницата меѓу 11 Октомври и Кочо Рацин завчера напладне, медицинско возило „рено трафик“ нагло запрело за да избегне судир со друго возило, што веднаш го напуштило местото.
Од силното кочење, тешко беше повредена 26-годишна докторка, а полесно – друга вработена од установата, 41-годишна жена.
Во возилото бил превезуван 89-годишен пациент, кој по пристигнувањето во болница починал. Насоките од обвинител бараат обдукција, а полицијата трага по возилото што избегало.