НАФТЕНОТО ЕМБАРГО САМО ЌЕ ЈА ЗБОГАТИ РУСИЈА? Еве што велат аналитичарите и политичарите

Според експертот, забраната се очекува дополнително да ги надува глобалните цени на суровата нафта, кои дури во еден момент во март се искачија на 120 долари за барел, помагајќи ѝ на Русија погодена од санкциите да ги зголеми приходите од нафтата. Поголем ефект, според Рукер би имало воведување на казнени тарифи и дополнителни санкции кон Кина и Индија, за да нема кој друг да ја купува нафтата.

398

Забраната за увоз на руска сурова нафта предложена од ЕУ само ќе ги зголеми приходите на Москва од нафтата, смета Норберт Рукер, шеф на Одделот за економија и идни истражувања во швајцарската банка Јулис Баер, пишува РТ. Додека 27 европски земји уште не можат да се договорат за ваквото ембарго, а главен кочничар е Унгарија, за Рукер самото влијание на ембаргото е „дискутабилно“.

Европа би можела да има подобри алтернативи за слабеење на Русија, како што се казнените тарифи, вели аналитичарот во интервју за швајцарскиот медиум „20 Minuten“.






– Големото прашање сега е дали Западот (ќе) врши притисок врз Кина и Индија. Тогаш ембаргото би имало многу поголем ефект – рече Рукер, додавајќи дека таков чекор ќе ѝ отежне на Русија која има многу енергија на располагање да си најде купувачи за својата сурова нафта низ светот.

Според експертот, забраната се очекува дополнително да ги надува глобалните цени на суровата нафта, кои дури во еден момент во март се искачија на 120 долари за барел , помагајќи ѝ на Русија погодена од санкциите да ги зголеми приходите од нафтата.

– Ембаргото влијае на Швајцарија само индиректно – објаснува Рукер, додавајќи дека земјата добива најголем дел од нафтата од европските рафинерии кои веќе го поддржаа преминувањето на алтернативи на нафтата.

– Сепак, понатамошен раст на цената на нафтата поради ембаргото ќе се почувствува и во Швајцарија – додаде тој.

фото: pixabay.com

Рукер не е единствениот кој се сомнева во ембаргото. Ирската европратеничка Клер Дејли во свој говор во петоко рече дека е убедена оти новите санкции нема да ја погодат Русија.

– Не затоа што ми е жал за Русија, не затоа што сум на платен список на Путин, туку затоа што санкциите не функционираат. Тие никогаш не ја прекинале војната – рече Дејли.

Дејли, кој е членка на левичарската партија „Независни за промени“, тврди дека „ниту еден Украинец нема да биде спасен“ со ембаргото на ЕУ за руската нафта.

– Ако Европа не ја купи нафтата, некој друг ќе ја купи. А, обичните луѓе на Европа ќе ја платат таа цена – децидна е таа.

За Дејли Русија „недвосмислено“ носи одговорност за смртните случаи во Украина, но според неа и Западот придонел за конфликтот.

– Но, не можеме да ја игнорираме улогата на ЕУ и САД. Тоа не ја оправдува Русија. Тоа е едноставно за да појасниме, бидејќи не можете да решите проблем ако не го разбирате коренот на истиот – рече таа.

Дејли потсети како папата Франциск минатата недела предложи дека проширувањето на НАТО кон исток „можеби ја олеснило“ руската воена кампања во Украина, која беше започната кон крајот на февруари.

– Првото нешто што помислив беше, да не ми ги крадел белешките, а втората работа беше дека папата ќе биде обвинет дека е марионета на Путин или за срамен говор – рече Дејли.

Таа додаде дека со испраќањето на повеќе оружје во Киев, „одговорот на ЕУ и ирската влада беше во голема мера ескалација на војната и обезбедување на нејзино продолжување“.

Во меѓувреме, Велика Британија вети дополнителни 1,6 милијарди долари воена поддршка и помош за Украина во саботата. Овој потег беше објавен ден откако САД ветија 150 милиони долари дополнителна воена помош за Киев.

Поврзани содржини