НАФТА ЌЕ ИМА И ПОКРАЈ ДОЛГОТ ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА Газдата на „Пуцко Петрол“ потврди дека автобусите на ЈСП ќе возат
Сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, ја смири јавноста, автобусите во Скопје нема да застанат, иако ЈСП должи 10 милиони евра.
Сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, за ТВ21 ја демантираше неизвесноста околу тоа дали утре ќе има автобуси на улиците во Скопје.
Тој потврди дека компанијата и натаму ќе го снабдува ЈСП со гориво, и покрај милионскиот долг на јавното претпријатие.
– Нема да има прекин на градскиот превоз. „Пуцко Петрол“ ќе продолжи да го снабдува ЈСП со гориво, и покрај тоа што имаат долг од 10 милиони евра – изјави кратко Јахоски.
Со оваа порака, компанијата ги смирува граѓаните кои со денови живеат во неизвесност дали автобусите ќе излезат на своите линии.
ПАРТИСКА ВОЈНА НА ГРБОТ НА СКОПЈАНИ Левица, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си поделија обвинувања за превозот