НАЕЗДА ОД СТАОРЦИ ВО РИМСКИОТ КОЛОСЕУМ Градските власти преземаат специјална операција за сузбивање на наездата

Операцијата ќе продолжи и наредната недела со чистење на зелените површини околу Колосеумот и одводите каде се вообичаени стаорците, како и поставување стапици, се вели во соопштението на градските власти.

518

Градските власти во Рим денеска соопштија дека преземаат мерки за сузбивање на наездата на стаорци околу Колосеумот, откако туристите на социјалните мрежи објавија фотографии од глодари во близина на објектот.

Директорката на градскиот оддел за собирање ѓубре, Сабрина Алфонси за италијанските медиуми изјави дека синоќа и денеска рано изутрината била започната „специјална интервенција“ за да би се осигурало дека луѓето можат безбедно да поминуваат низ едно од најпосетуваните туристички места во Италија.






Операцијата ќе продолжи и наредната недела со чистење на зелените површини околу Колосеумот и одводите каде се вообичаени стаорците, како и поставување стапици, се вели во соопштението на градските власти.

Поврзани содржини