📽 НАДЗОРНИТЕ КАМЕРИ ГО СНИМИЛЕ НАПАДОТ ВО ЕРУСАЛИМ Терористите пукаат во луѓето на автобуската станица
На снимките што се објавени се гледа моментот кога милитантите на Хамас излегуваат од автомобил и почнуваат да пукаат во луѓето на автобуска станица, а тие бегаат во паника.
Надзорните видео камери го снимиле моментот кога двајца припадници на Хамас почнуваат да пукаат во луѓето на автобуската станица на влезот во Ерусалим во нападот што се случи утрово.
На снимките што се објавени се гледа моментот кога милитантите на Хамас излегуваат од автомобил и почнуваат да пукаат во луѓето на автобуска станица, а тие бегаат во паника.
Во нападот загинаа три лица, а 16 се повредени. Израелската полиција соопшти дека напаѓачите биле неутрализирани на лице место. Станува збор за двајца браќа Мурад Мухамед Нимр (38) и Ибрахим Мухамед Нимр (30), кои претходно биле во затвор поради терористички активности, пишува Sky News.
Хамас ја презеде одговорноста за нападот во Ерусалим. Милитантната палестинска организација на Телеграм го пофали своето воено крило, бригадите Ал Касам, за „херојската операција во Ерусалим“.