„НАДОЈДЕНИТЕ МОРИЊА ЌЕ ДОЈДАТ ПО СИТЕ НАС“ Генсекот на Обединетите нации остро предупреди во врска со климатските промени

Според еден од двата извештаи на ОН, нивоата  на морињата се зголемиле во просек за 9,4 см во изминатите 30 години, но во тропските делови на Тихиот Океан таа бројка изнесувала дури 15 см. Ова е најголема стапка на зголемување на нивоата во последните 3.000 години. 

769

На крајот „надојдените мориња доаѓаат за сите нас“, предупреди генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш. Два одделни извештаи  на ОН за зголемувањето на нивото на морињата во светот што претставува закана за островите во Тихиот Океан.

Големите загадувачи имаат јасна одговорност да ги намалат емисиите, во спротивно ризикуваат светска катастрофа, вели генсекот на ОН на Состанокот на лидерите на форумот на Пацифичките острови во Тонга.






„Tихиот Океан денес е најранливата област на светот. Има огромна неправда во однос на Тихиот Океан и тоа е причината поради која сум тука. Малите острови (во Тихиот Океан) не придонесуваат за климатските промени, но сè што се случува поради климатските промени се умножува во овие места –  изјави Гутереш за Би-Би-Си.

Извештајот за состојбата на климата на Светската метеоролошка организација во Југозападниот Пацифик вели дека овој регион се соочува со троен удар на забрзан пораст на нивото на морето, затоплување на океанот и сè поголема киселост на морето бидејќи апсорбира сè повеќе и повеќе јаглерод диоксид.

– Причината е јасна: стакленички гасови, генерирани на големо преку согорување фосилни горива, ја „варат“ нашата планета. Морето ја зема топлината – буквално – додава Гутереш.

Според еден од двата извештаи на ОН, нивоата  на морињата се зголемиле во просек за 9,4 сантиметри во изминатите 30 години, но во тропските делови на Тихиот Океан таа бројка изнесувала дури 15 см. Ова е најголема стапка на зголемување на нивоата во последните 3.000 години.

Додека лидерите се собраа на официјалната церемонија за отворањето на форумот, обилните дождови предизвикаа големи поплави. Набргу потоа, земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Тонга, што покажува колку е ранлив овој остров.

Зградите на форумот беа евакуирани поради земјотресот, а аудиториумот беше потопен од обилните дождови. Ова како да беше тест за темата на самиот форум, трансформативна отпорност.

– Тоа е еден остар потсетник за тоа колку нестабилни се нештата во нашиот регион и колку е важно да се подготвиме за сè – изјави за Би-Би-Си Џозеф Сикулу, директор на „Пацификот во 350“, група за застапување на климатските промени.

На уличната парада со танчери која се одржуваше за време на форумот, на големи транспарентни пишуваше „Не се давиме, туку се бориме“ и „Нивото на морето надоаѓа – исто и ние“.

 

 

Поврзани содржини
na