Надминат проблемот со системот на преминот „Богородица“ пуштени пет ленти

МВР информира дека проблемот е надминат и дека во функција се пет сообраќајни ленти со што ќе се намали и гужвата

521

Колона од возила се создаде на граничниот премин „Богородица“ денеска за излез од земјава по пад на системот. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека  сега проблемот е надминат и дека во функција се пет сообраќајни ленти со што ќе се намали и гужвата.

– Имаше пад на системот, но сега се тече без проблеми – информира а од МВР.

Претпладне  Авто мото сојузот информираа дека на граничниот премин „Богородица“ за излез и влез во земјава се чека околу 20 минути, но дека на граничниот премин „Табановце“ се чека и по еден час.

Поврзани содржини