НАДГРАДЕН Е СИСТЕМОТ Е-ДАНОЧНИ УСЛУГИ Еве како може да се добие нов код за идентификација
Управата за јавни приходи, велат оттаму, дополнително соопштение кога целосно ќе започне да се користи новиот начин на пресметка на платите.
Заврши надградба на системот за е-Даночни услуги преку воведување на нова функционалност, поднесување барање за издавање код за идентификација за потпишување на МПИН пресметките кои се изготвени преку тековниот систем за пресметка на плати, информира Управата за јавни приходи (УЈП).
-Обврзниците кои имаат проблем со кодовите за идентификација за потпишување на МПИН пресметките, барањата за издавање на нови кодови да ги поднесат преку системот е-Даночни услуги. Барањето се наоѓа во менито „Прегледи и извештаи “ во подмени „Барање за издавање на клуч за спремање на плати“. Издадените кодови ќе бидат поставени на вашите профили на системот е-Даночни услуги во наведеното мени – велат од УЈП.
Дополнително, додаваат, информиравме дека обврзниците кои се одлучиле МПИН пресметките да ги изготвуваат преку системот е-Даночни услуги согласно соопштението од 6 март 2025 година, нема потреба да поднесуваат барање за издавање на клуч за пресметка на плати.
Управата за јавни приходи, велат оттаму, дополнително соопштение кога целосно ќе започне да се користи новиот начин на пресметка на платите.