НАДЕЖТА ЗА СПАСУВАЧИТЕ НЕ УМИРА Дете и две лица се спасени по 296 часа под урнатините во Антакија! (ВИДЕО)

Спасувачките екипи, меѓу кои и спасувачите од Киргистан, по спасувањето ги предале повредените на медицинските служби, по што биле пренесени во болница.

700

Дури 296 часа по првиот разорен земјотрес што го погоди јужниот дел на Турција, три лица, меѓу кои и едно дете, беа спасени од урнатините на зграда во Антакија, јавува Анадолија.

Спасувачките екипи, меѓу кои и спасувачите од Киргистан, по спасувањето ги предале повредените на медицинските служби, по што биле пренесени во болница.






Спасени се жена, маж и дете, чиј идентитет сѐ уште не е утврден.

Турскиот претседател Ердоган најави дека од 15 март ќе почне обновата и изградбата на нови 30.000 домови во погоденото подрачје, со цел да им се даде повеќе време на спасителите кои се во потрага по преживеан под урнатините.

 

 

Поврзани содржини