НАДАЛ ЗАПОЧНУВА БИЗНИС ОД 200 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Тениската легенда знае кај се парите

Како што пренесуваат странските медиуми, по успехот со својата тениска академија, Надал е подготвен да вложи повеќе од 200 милиони долари во изградба на хотелски синџир во Аргентина.

611

Шпанската тениска легенда Рафаел Надал планира да го одврзе ќесето и да вложи во нова инвестиција – овојпат во туристичкиот сектор во Јужна Америка.

Како што пренесуваат странските медиуми, по успехот со својата тениска академија, Надал е подготвен да вложи повеќе од 200 милиони долари во изградба на хотелски синџир во Аргентина.






Веста ја потврди аргентинскиот секретар за туризам, Даниел Сиоли, кој изјави дека поранешниот светски рекет број еден преку брендот „Манакор“ планира изградба на седум хотели на некои од најатрактивните туристички дестинации во земјата: Барилоче, Ел Калафате, Игуасу, Мендоза, Посадас, Салта и Ушуаја.

Првиот хотел ќе никне во Ел Калафате, а според плановите, треба да биде завршен до 2026 година. Овој проект, како што се очекува, ќе донесе нов бран на туристички развој, нови работни места и ќе ја зголеми привлечноста на Аргентина како светска туристичка дестинација.

Поврзани содржини